Русија ноќеска ја нападна Украина со 18 проектили, од кои сите беа соборени, вклучително и шест проектили Кинжал

0

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни изјави денеска дека украинските сили ги собориле сите 18 проектили лансирани од руските сили во ноќешниот интензивен напад, вклучително и шест проектили Кинжал.

Тој изјави дека руските сили ја нападнале Украина од север, југ и исток со 18 ракети од различен тип од воздух, море и копно.

Според него, Русија истрелала шест ракети Кинжал од авиони МиГ-31К, девет крстаречки ракети Калибар од бродови во Црното Море и три ракети Искандер од копно.