Русија продаде дел од Газпром на непознат купувач за три милијарди долари

18

Рускиот гигант Газпром објави дека заработил речиси три милијарди долари со продажба на 3,6 отсто од сопственичкиот удел на купувач чиј идентитет не е објавен.

Агенциите пренесуваат дека акциите се продадени преку подружница на Газпром, со попуст од 11 отсто во однос на џцената на затворањето на пазарите минатата среда.

Учеството од 3,6 отсто го сочинуваат трезорски акции кои се продадени по цена од 220,72 рубљи по акција, што значи дека компанијата остварила приход од 187,7 милијарди рубљи (2,95 милијарди долари).

Руската компанија во слична трансакција во јули продаде 2,9 отсто од сопственичкиот удел, со попуст од пет отсто, за 2,2 милијарди долари.

Иако Газпром не е должен да ги објави имињата на купувачите бидејќи се купени акции од помалку од пет отсто, податоците на Московската берза покажуваат дека во најновата трансакција акциите ги купил само еден купувач, пренесува Ројтерс.

Во Газпром не одговориле на прашањето на британската новинска агенција за коментар на информацијата за продажбата на акциите.

„Најважниот резултат на двете трансакции е во тоа што во новата акционерска структура се појавија нови акцинери со вкупно учество од 6,5 отсто“, пишува во соопштението до клиентите на Сбербанк.

„Не е сигурно дека новите инвеститори се стратегиски, иако вкупниот износ на инвестирањата од 5,1 милијарда упатува на заклучок дека се“, се додава во соопштението на Сбербанк.