Русија тврди дека нејзиниот извоз на енергија годинава ќе порасне за 100 милијарди евра

1

Русија предвидува дека приходите од извозот на нејзината енергија оваа година ќе пораснат за околу 98 милијарди евра, бидејќи поголемите цени на енергенсите го надоместија намалувањето на побарувачката.

Руското министерство за економија очекува приходите од извозот на енергија да достигнат 331 милијарда евра во 2022 година, што е за третина повеќе во однос на 239 милијарди евра во 2021 година.

Скокот во приходите, ако се оствари, ќе помогне во јакнењето на руската економија која е погодена од санкциите на Западот поради војната во Украина.

Поголемите приходи од извозот ќе му овозможат на претседателот на Русија Владимир Путин да ги крене платите и пензиите во моменти на рецесија и инфлација кои го загрозуваат животниот стандард.

Извозот на енергија сочинува околу половина од приходот на федералниот буџет на Русија.

Министерството за економија предвидува дека просечната извозна цена на природниот гас од 1.000 кубни метри во оваа година ќе се зголеми повеќе од двојно, пред постепено да паѓа до крајот на 2025, се наведува во владините документи.

Рускиот извоз на гас годинава ќе падне за околу 15 отсто за време на влошувањето на односите меѓу Брисел и Москва поради војната во Украина.

Европската Унија објави дека планира да ја намали зависноста од рускиот гас, бидејќи Русија со години беше најголемиот доставувач на горива на ЕУ.

Намалувањето на рускиот извоз во ЕУ само делумно ќе биде надоместен со зголемениот извоз во Кина.

Министерството за економија очекува заработка од извозот на енергија во износ од 251 милијарда евра во 2023, повеќе од 2021 бидејќи цените на нафтата и гасот паѓаат.

Севкупно гледано, руската економија се држи многу подобро од очекуваното поради санкциите, бидејќи порастот на приходите од енергијата ѝ дава на владата во Москва повеќе моќ да ги поддржи секторите погодени од ембаргото.