Руски цивили масовно бегаат од Крим (ВИДЕО)

0

На социјалните мрежи се проширија снимки на кои се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година.

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва има руски цивили кои решиле да побегнат од полуостровот по огромните експлозии во вторникот во руската воена воздухопловна база Саки на западот на Крим.

Иако официјален Киев молчи за експлозиите во руската воена база на Крим, висок украински функционер, под услов да остане анонимен, изјави дека за жестоките експлозии што во вторникот ја уништија украинската база се одговорни украински специјалци.

Крим е популарна туристичка дестинација за Русите, особено во лето.

„Не сакам да го напуштам Крим. Овде е толку убаво. Се навикнав тука, како да сме дома. Сè беше толку убаво“, рече Русинка која со своето семејство побегна од Крим.

Крим до неодамна беше поштеден од украинските напади, што не е изненадувачки ако се земе предвид дека Русија го контролира од 2014 година. Сепак, тоа се промени со нападот на важната руска воена база од која руски авиони полетувале во операции над Украина.