Русковска: Зошто Јанева не си дала оставка ако имала здравствени проблеми?

18

Шефицата на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, не верува дека Катица Јанева имала нарушена здравствена состојба.

-Ако имала здравствени проблеми, зошто не си поднела оставка уште додека била на функција? – вели Русковска во изјава за Дојче Веле.

Воедно, таа додава дека што се однесува до првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, според лекарското мислење што го добие, е во нормална здравствена кондиција.