Русковска не образложи зошто побара исклучување на јавноста

6

Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска, по завршувањето на рочиштето пред медиумите не сакаше да образложи зошто во судот побара да биде исклучена јавноста при презентирањето на снумките од УСБ-то на осудениот Зоран Милевски-Кичеец, иајо вчера најави дека овие снимки ќе бидат изведени како докази.

Адвокатите на обвинетите, Бојан Јовановски и Катица Јанева по завршувањето на рочиштето рекоа дека не смеат да ги коментираат снимките и уште еднаш порачаа дека јавноста не требало да биде исклучена од презентацијата на снимките за кои Јовановски рече дека со нив ќе се отвори „Пандорината кутија“, а Јанева рече дека со тие снимки ќе почне нејзината одбрана и ќе покажат кој манипулирал, кој правел рекет, а кој поткуп.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска рече дека од снимките кои ги виделе, само за една можеби требало да се исклучи јавноста, но другите снимки требало да се презентираат јавно.

Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски изјави дека законски јавноста треба да биде исклучена само ако се наштети на интересите на обвинетите, оштетените или сведоците, а не на трети лица.

На следното рочиште, во четврток во 10 часот пред судот треба да почнат сведочењата сведоци кои ги предложи одбраната на Јовановски. Со овие докази заврши презентирањето на докази за Обвинителството.