Рускоска: Не очекував повисока казна

10

Обвинителката Вилма Рускоска во изјава за медиуми истакна дека казната за Кичеец е очекувана и оти откако ќе ја добие пресудата ќе реши дали ќе поднесе жалба.

„Мислам дека е добра изречената санкција, но сепак откако ќе ја добијам пресудата ќе одлучам дали ќе поднесам жалба за висината на казната. Не очекував повисока казна, зашто сепак е голем распонот од една до десет години со оглед дека досега е неосудуван и особено што призна вина“, посочи Рускоска.