Руте идната недела во Вашингтон на средба со Бајден за војната во Украина и економските врски

3

Холандскиот премиер Марк Руте и министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра следната недела ќе отпатуваат за Вашингтон, каде ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави денеска холандската национална телевизија НОС.

Лидерите во вторник ќе разговараат за војната во Украина и за економските врски, јавија светските агенции.

Тоа, како што се наведува, ќе биде прва посета на Руте на САД, откако се сретна со Доналд Трамп во 2019 година.