САГАТА ОРДАНОСКИ ПРОДОЛЖУВА – Роберто ја постави свадбената фотографија за профилна на својот фејсбук

134

Брачниот пар Орданоски кој е во постапка на развод и натаму ја бранува домашната јавност.

Екс директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски, откако јавно објави за барањето развод од неговата сопруга Агнеса, и откако ја нарече фотошоп барбика, се чини дека никако не може да ја преболи 18 годишната љубов.

Имено, пред неколку часа Орданоски на фејсбук ја сменил својата профилна фотографија, и погодете – тоа е свадбената слика кога тој и Агнеса стапиле во брак пред 18 години.

Претходно, пак, неговата сопруга на социјалните мрежи го промени презимето од Орданоска во Органџиева, нејзинито моминско презиме.

Агнеса, пак, неодамна за медиумите изјави дека дури 80 осто од коментарите во јавноста се на нејзина страна, и му се заблагодари на Орданоски што ја направил актуелна и и го зголемил бројот на следбеници на инстраграм.