САД: Ако Русија мисли дека нашите односи се лоши, тие можат да бидат уште полоши

15

Односите меѓу Русија и САД ќе се влошат ако Москва употреби сила во Белорусија, изјави Џорџ Кент, заменик помошникот државен секретар за Европа во Евроазија.

„Ние и го соопштивме нашиот став на руската страна за време на последните разговори во Вашингтон, Москва и Виена. Ако мислат дека американско-руските односи биле лоши во последните четири години – тие можат да станат уште полоши”, објасни дипломатот.

Кент додаде дека ситуацијата во Белорусија не е геополитичко ривалство помеѓу Исток и Запад или САД и Русија, туку проблем што треба да го решат властите и граѓаните на републиката, пренесува „Спутник“.

Природен медијатор за нив може да биде ОБСЕ, рече тој.

Претходно, медиумите објавија дека САД можат да воведат дополнителни санкции за Русија, доколку Москва употреби сила во Белорусија.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека формирал резерва на припадници на полицијата кои ќе и помогнат на Белорусија доколку е потребно, но дека резервата нема да се користи се додека ситуацијата не излезе од контрола.