САД: Бројот на починати од корона надмина 450.000

2

Најмалку 450.088 смртни случаи од ковид-19 се регистрирани во Соединетите држави од почетокот на пандемијата, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Според Си-ен-ен, потврдени се 26.533.999 случаи на коронавирус .

Соединетите држави се на првото место во светот според бројот на потврдени случаи и по бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Бразил, со 200.000 смртни случаи е на второ место, по што следат Мексико, Индија и Велика Британија со по повеќе од 100.000 смртни случаи.