САД, ЕУ и Јужна Африка ја суспендираа ковид вакцината на „Џонсон и Џонсон“ по шест случаи на тромбоза

19

САД, Јужна Африка и Европска Унија привремено го стопираа користењето на вакцината против ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ по извештаите за ретки случаи на згрутчување на крвта. Шест случаи се регистрирани во САД меѓу дадените 6,8 милиони дози и сите биле жени на возраст од 18 од 48 години, а симптомите се појавиле шест до 13 дена по примањето на вакцината.

„Џонсон и Џонсон“ прекина со дистрибуцијата на вакцината во ЕУ, што во понеделникот.

Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) кажа дека паузата се прави од претпазливост и дека едно лице починало од компликации од тромбоза, а друго е во критична состојба. ФДА додаде дека оваа мозочна синусна тромбоза не може да се лекува со вообичаени третмани.

Сите американски сојузни држави моментално престанаа да ја даваат вакцината, што ќе трае додека не завршат проверките на безбедноста.

„Џонсон и Џонсон“ е американска компанија, но вакцината главно ја разви нејзината подружница во Белгија, „Јансен“. За разлика од останатите одобрени вакцини во САД и ЕУ, од неа се дава само една доза и може да се чува на нормални температури во фрижидер, што ја прави полесна за дистрибуција.

Вакцината беше одобрена во САД на 27 февруари и некои истражувања покажале дека е поефективна против јужноафриканскиот сој на коронавирусот од другите.