САД забележаа светски рекорд по заразени во еден еден, Трамп вели тоа е поради масовното тестирање

22

САД вчера регистрирале повеќе од 55 000 нови случаи со ковид-19, што е нов светски рекорд по бројот на заразени во еден ден, пишува „Ројтерс“.

Дневниот билтен за бројката на заразени на вчерашниот датум изнесува 55 274.

Претходниот рекорд го држеше Бразил каде на 19 јули беа регистрирани 54 771 нови случаи.

Во средата, пак, САД срушија рекорд на национално ниво по бројот на заразени во едно деноноќие – беа потврдени речиси 53 000 нови случаи.

Американскиот претседател Доналд Трамп бројките ги оправдува со масовно тестирање.

„Се забележува раст на новите случаи со коронавирус затоа што нашето тестирање е толку масовно и толку добро што е далеку поголемо и подобро отколку во која друга земја“,

објави Трамп на Твитер додавајќи дека уште подобра вест е тоа што бројот на смртни случаи е во опаѓање.

Проектот за следење на коронавирусот, волонтерска организација која собира податоци за тестирањето, за ситуацијата во САД покажува податоци дека бројот на заразени лица со ковид-19 е во пораст во 40 од вкупно 50 американски сојузни држави, а од ширење на болеста во моментот поштеден е само североисточниот дел на земјата.