САД испраќаат повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина

8

Претставничкиот дом на САД одобри повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина. Претставничкиот дом синоќа го усвои законот за трошење во Украина со 368 „за“ и 57 „против“, а секој глас „против“ доаѓа од републиканците, се наведува во извештајот на Ројтерс.

Претседателот Џо Бајден пред две недели побара од Конгресот да одобри дополнителни 33 милијарди долари помош за Украина, но пратениците одлучија да го зголемат военото и хуманитарното финансирање.

„Овој закон ќе ја заштити демократијата, ќе ја ограничи руската агресија и ќе ја зајакне нашата национална безбедност и, што е најважно, ќе ѝ помогне на Украина“, рече демократката Роза Делауро, која претседава со Комитетот на Претставничкиот дом за доделување средства.