САД и Хрватска потпишаа спогодба за избегнување на двојното оданочување

3

Државниот потсекретар за економски развој, енергија и животна средина на САД, Хозе Фернандез, и министерот за финансии на Хрватска, Марко Приморац, потпишаа сеопфатен договор за избегнување на двојното оданочување меѓу САД и Хрватска, соопштија денеска од Стејт департментот.

-Овој договор е долгорочна заедничка цел на двете земји, подложен на прифаќање и ратификација во американскиот Сенат и од Парламентот на Хрватска. Ќе им помогне како на Американците така и на Хрватите да избегнат двојно оданочување.

Се додава дека со ова, се овозможува хрватските фирми да се ангажираат на американскиот пазар многу полесно, засилувајќи ја американско-хрватската соработка и зацврстувајќи го приватниот сектор на иновации меѓу двете земји.