САД: Обвинителството изнесе вознемирувачки детали за убиството на Ана Волш

2

На Брајан Волш, обвинет за убиство на сопругата Ана, му беше прочитано обвинението пред Судот во Квинси.

За време на сослушувањето, беше посочено дека Волш се изјаснил за невин по обвиненијата за убиство на неговата сопруга.

Обвинетиот пред Судот рече дека ги разбира деталите од обвинителниот акт во кој се изведени доказите за кривичното дело – убиство за кое се товари обвинетиот.

Волш ќе биде задржан во притвор без кауција, при што неговата одбрана не оспори.

Следното судско рочиште е закажано за 9-ти февруари

Колешка на Волш за Гласот на Америка на српски јазик рече дека било трауматично да се слушаат деталите од обвинението. „Беше многу болно“, е главниот впечаток на Памела Барди, колешката на Ана Волш, откако го погледнала видеото од судницата каде што нејзиниот сопруг беше претставен со обвинителен акт за убиство, рече дека за време на читањето на обвинителниот акт, поради неговата содржина и изведени докази, „срцето ми потона од болка. Ме обзеде чувство на лутина. Знаеме дека истрагата е во тек, но самата идеја дека нешто толку ужасно ѝ се случило на толку прекрасна личност, е надвор од секој разум“.

Таа рече дека иако имала деловен однос со неа, но чувствувала дека се блиски. „Ако чувствувам таква тежина и болка, а сме одржувале деловни контакти, можете да замислите како се чувствува семејството. Не сакам ни да размислувам за момчињата и нејзините блиски пријатели. Многу е тешко“, изјави Барди за Гласот на Америка.

Брајан Волш е обвинет за убиство на својата сопруга, распарчување на нејзиното тело, а потоа фрлање на посмртните останки во контејнери во предградијата на Бостон.

За време на сослушувањето, беше посочено дека Волш се изјаснил за невин по обвиненијата за убиство на неговата сопруга.

Обвинителката Лин Беланд го прочита обвинението, во кое се вели дека Волш ја убил својата сопруга и го распарчил нејзиното тело, а потоа ги фрлил нејзините останки во контејнерите во предградието на Бостон.

Адвокатката на Волш: Случајот не е целосен

Правниот застапник на Брајан Волш, Трејси Мајнер, ги критикуваше обвинителите за, како што таа тврди, давање информации од истрагата до новинарите.

Мајнер рече дека случајот против нејзиниот клиент, кој е обвинет за убиство, „не е силен“. Таа истакна дека доказите се уште не ѝ се доставени, па, затоа нема да ги коментира, ниту да се занимава со судскиот процес во медиумите.

„Ќе видиме што имаат и што од тоа ќе биде прифатливо на Суд – каде на крајот ќе се решава случајот. Обвинувањата и означувањето на едно кривично дело е лесно. Многу е потешко да се докаже и ќе видиме дали обвинителството ќе биде успешно во тоа“, рече адвокатката на Брајан Волш – обвинет за убиство на неговата сопруга Ана, која има српско потекло.

Обвинетиот, како што јави Си-Ен-Ен, главно молчел за време на рочиштето. Единствено што кажа е дека го разбира обвинението. Тој, исто така, беше смирен додека обвинителот Беланд ги раскажуваше вознемирувачките детали од неговите интернет пребарувања за тоа како да го прикрие убиството.

Одмавнал со главата, кога било констатирано дека за ова го користел Ајпедот на неговиот син. Списокот на пребарувања на Гугл презентирани на Суд биле направени на 1 јануари – кога се верува дека Ана Волш последен пат била видена, и има пребарувања и во наредните денови.

Меѓу бараните содржини по Интернет беа и оние поврзани со справување со смртни останки и какви се својствата на формалдехид – кој се користи за спречување на распаѓање на ткиво.