САД отстранува статуи: По Колумбо, во историјата заминува и Рузвелт

Статуата на американскиот претседател имплицира колонијализам и расна дискриминација, сметаат властите на Њујорк

30

Американскиот природонаучен музеј во Њујорк ќе ја отстрани статуата на американскиот претседател Теодор Рузвелт на влезот, по забелешките низ годините дека симболизира колонијализам и расна дискриминација, објави градоначалникот Бил де Блазио.

Бронзената статуа која се наоѓа на западниот влез на Музејот во Централ Парк од 1940 година го прикажува Рузвелт на коњ, а до него стојат американски староседелец и Афроамериканец. Рузвелт е 26 американски претседател.

„Музејот бараше отстранување на статуата, бидејќи таа експлицитно го покажува обоеното и домородното население како потчинето и расно инфериорно“, објасни Де Блазио.

Тој додаде дека Њујорк го поддржува барањето на музејот и дека е „правилна одлуката и вистинско време проблематичната статуа да се отстрани“.

И семејството на Рузвелт се согласи со одлуката.

„На светот не му требаат статуи, остатоци од друг век, кои не ги одразуваат вредностите на еднаквост и правда. Композицијата на оваа статуа не не одразува вреднсотите кои ги застапуваше Рузвелт. Време е таа да се отстрани и да се продолжи понатаму“, се вели во изјавата на внукот на Рузвелт.

Протестите по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минесота одново го отворија прашањето за расната дискриминација во САД, што поттикна бран отстранувања на статуи на историски личности кои имплицираат колонијализам и дискриминација.

Меѓу првите кои „настрадаа“ се статуиуте на Кристофер Колумбо кои беа или урнати или отстранети во повеќе американски градови