САД потпишаа договор со Модерна за 100 милиони вакцини

4

Соединетите Држави потпишаа договор вреден 1,5 милијарда американски долари со фармацевтската компанија Модерна за производство на 100 милиони дози од нивната потенцијална вакцина против ковид-19, соопштија вчера компанијата и Белата куќа.

Американците во последниве недели потпишаа низа договори за набавка на стотици милиони дози на потенцијалната вакцини против коронавирусот од неколку компании, како дел од специјалната програма „Операција Ворп-брзина“ која треба да ја обезбеди вакцината до крајот на годината.

Цената на вакцината на Модерна би требало да биде околу 30 американски долари по лице за двете потребни дози. Ова е приближно цената постигната и со другите потенцијални производители на вакцини.

Кандидатот на Модерна за вакцина, мРНА-1273, е еден од ретките што веќе се во завршна фаза на тестирање на луѓе. Студијата, во која учествуваа 30.000 луѓе, треба да биде завршена до крајот на септември, објави компанијата во почетокот на овој месец.