САД почнуваат со клиничко испитување на вакцина против коронавирусот

18

Клиничко испитување на вакцина наменета за заштита о новиот сој коронавирус Covid-19 че започне во понеделникот, објави агенцијата The Associated Press (AP), повикувајќи се на неименуван функционер во американската влада.

Првиот учесник во испитувањето кое го финансира Нанционалниот институт за здравство (NIH) на САД и кое се одвива во Институтот за здравствени истражувања „Kaiser Permanente“ во Сиетл во сојузната држава Вашингтон, ќе ја прими експерименталната вакцина во понеделникот, пренесува агенцијата.

Ќе бидат потребни меѓу 12 и 18 месеци за да се потврди дејствувањето на која и да е потнцијална вакцина, додава AP повикувајќи се на медицински извори.

Тестирањето ќе започне со 45 млади здрави волонтери со разлочни дози на вакцината развивана од NIH и Moderna Inc. Во извештајот се додава дека нема можност волонтерите да се заразат од пробната вакцина, бидејќи таа не го содржи самиот вирус. Целта е само да се провери дали вакцините покажуваат несакани ефекти, што ќе претставува основа за понатамошните тестови.

Десетиции истражувачки тимови низ целиот свет се во трка за создавање вакцина, бидејќи случаите на Covid-19 продолжуваат да растат. Важно е што тие истражуваат различни видови вакцини, од оние развиени со нови технологии кои не само што се побрзи за производство од традиционалните вакцини, туку можат да се покажат и како поефикасни. Некои тимови развиваат и привремени вакцини, кои може да го заштитат здравјето на лушете на месец или два во периодот додека се развива подолготрајна заштита.