САД распоредува нуклеарни бомбардери во близина на Иран

9

Америка се подготвува за каква било состојба во напнатиот регион на Персискиот Залив.

Според повеќе извештаи, Пентагон распоредил шест нуклеарни бомбардери „Б-52“ во воздушна база во близина на Иран.

Шесте бомбардери ќе бидат стационирани во Диего Гарсија, британска островска база лоцирана во Индискиот океан, пренесува „ Washington Examiner“. Локацијата има стратешко значење затоа што се наоѓа надвор од опсег на познати ирански ракети.

„FOX News“ пренесува дека Б-52 бомбардерите тргнале од воздухопловната база Барксдејл во Луизијана.

Пентагон не го потврди распоредувањето.

„Поради оперативна безбедност, ние не разговараме за силите што, влегуваат во или надвор од областа на одговорноста на Централната команда на САД во овој момент“, рече Ребека Ребарич, портпарол на Пентагон.

По нападот на беспилотното летало, во кое загинаа генералот Касем Солејмани и ветувањата на одмаздата на Иран, Соединетите држави ја засилија својата сила на војската во регионот, која сега се проценува на 80.000, објави „ Washington Examiner“.