САД се задоволни од обновата на дијалогот меѓу Србија и Косово

37

Премиерот на Косово Авдулах Хоти, претседателот на Србија Александар Вучиќ и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел
Премиерот на Косово Авдулах Хоти, претседателот на Србија Александар Вучиќ и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел

Стејт департментот изрази задоволство од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија и додаде дека го поддржува тој дијалог. „Задоволни сме што Европската унија ги организира состаноците меѓу Србија и Косово и ја нудиме нашата целосна поддршка“, рече неименуван претставник на Стејт департментот во писмениот одговор на прашањето за Гласот на Америка за продолжувањето на дијалогот меѓу двете страни. „Нашата цел е договор што двете страни ќе го постигнат за сеопфатна нормализација на односите. Нормализацијата е од суштинско значење за обезбедување стабилност, напредок и безбедност на Западен Балкан“, се вели во одговорот.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина продолжи во Брисел во четвртокот, по 20 месеци, со средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти во присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак.