САД фрлиле над 15 милиони дози вакцина против ковид од март досега

12

САД фрлиле најмалку 15,1 милиони дози вакцини против ковид-19 од 1 март, според владините податоци.

Податоците се објавени додека делта-сојот брзо се шири низ целата земја и откако администрацијата на Бајден објави дека планира да воведе трета доза – обновувајќи ја потребата за снабдување со вакцини.

На светско ниво некои нации се мачат да вакцинираат голем дел од своите жители – во многу случаи поради ограничената понуда на вакцини.

Податоците од Центарот за контрола и превенција на болести откриваат дека четири национални аптеки фрлиле по повеќе од 1 милион дози секоја.

Најмногу фрлени дози има во државите Тексас, Северна Каролина, Пенсилванија и Оклахома.

Причините за фрлање на дозите се пукнати ампули, грешки во растворувањето на вакцината и дефекти на замрзнувачот, меѓу другото.

Податоците за фрлените дози – сепак мал дел од вкупните дози распределени во САД – се базира на пријавување од аптеките, државите и други даватели на услуги, што значи дека можеби се потрошиле повеќе дози отколку што било пријавено.

Повеќе од 440 милиони дози се дистрибуирани во САД заклучно со средата, а повеќе од 111,7 милиони дози се испратени во странство заклучно со минатиот месец.