Саемот за мебел од утре во Скопје, најавени над 40 директни изложувачи

8

На Саемот за мебел, кој се отвора утре, во Скопје, во комплексот „Борис Трајковски”, посетителите ќе имаат можност да ја видат понудата на преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.

-На едно место во монтажни објекти и во внатрешниот простор  на комплексот ќе може да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот, најавува Скопски саем.

Организрани се и групни посети на Саемот од сите градови од земјава и регионот.

Саемот за мебел ќе трае до 2. април со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.