САЛВАДОР ГО ЛЕГАЛИЗИРА БИТКОИНОТ Прва земја во светот во која се плаќа со криптовалута

3

Претседателот на Салвадор Наиб Букеле изјавил дека секој кој ќе го преземе дигиталниот Чиво паричник ќе добијат почетен кредит во износ од 30 долари. Тој додал дека ќе има 200 банкомати Чивоа.

Биткоинот денеска стана легално средство за плаќање во Салвадор, со што стана прва земја во светот која на граѓаните им овозможува да плаќаат со најпопуларната криптовалута.

Ел Салвадор пред три месеци усвои закон според кој, сите трговци мора да го прифатат биткоинот како средство за плаќае, ако имаат потребни технички можности, а граѓаните можат и данокот да го плаќаат со биткоини.

Претседателот на Салвадор Наиб Букеле изјавил дека секој кој ќе го преземе дигиталниот Чиво паричник ќе добијат почетен кредит во износ од 30 долари. Тој додал дека ќе има 200 банкомати Чивоа.

Биткоинот не го контролира централната банка, туку настанал со децентрализиран и силно енергетски интензивен компјутерски процес.

Неговата вредност силно флуктуира, истакнува германска новинска агенција.

Официјалната валута во Салвадор од 2001 година е американскиот долар, поради што таа средноамериканска земја станала зависна од монетарната политика на американската централна банка, наведува ДПА.

Вклучувањето во оптек на криптовалутата, чија вредност зависи исклучиво од пазарните движења, нужно е за економскиот раст на Салвадор, се наведува во законот со кој биткоинот е претворен во легално средство за плаќање.

Околу 70 отсто од речиси 6 милиони жители на Салвадор немаат пристап до традиционалните финансиски услуги, а многу зависат и од странските дознаки на роднините од САД.

Ист процент граѓани на Салвадор се противат на законот за биткоини, покажало националното истражување кое во август го спровел средноамериканскиот Универзитет на примерок од 1.300 испитаници.

Речиси ист процент испитаници не знаел точно што е биткоинот, а само 4,8 отсто правилно го дефинирал како криптовалута.