Сали: ИЈЗ располага со тестови за мајмунски сипаници

4

Министерот за здравство, Беким Сали денеска информираше дека во Република Македонија досега нема забележан случај на мајмунски сипаници.

– Засега немаме забележан ниту еден случај со мајунски сипаници кај нас. Да напоменам, Институтот за јавно здравје располага со тестови кои се валидни и релевантни за дијагностицирање односно препознавање на таквиот вирус, кажа Сали.

Министерот напомена дека на денешната седница на Комисијата за заразни болести на која меѓу останатото ќе се дискутира и за мајмунските сипаници.