Сали: Не е период за лични дискусии, треба да се справиме со пандемијата

13

Од понеделникот кога почнав со новата функција поголем дел од секој ден ми е посветен на преземањето мерки и формирање нова Комисија за заразни болести, надградена, така што не е период за лични дискусии и молење и други начини на покани, сега е период на засукување ракави и да се справиме со пандемијата, изјави денеска истакна министерот за здравство Беким Сали,

Посочи дека вчера преку директен пост на Фејсбук ги поканил тројцата почитувани професори д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа.

– Поканата е јавна до сите експерти. Во случај на пандемија, односно во случај кога ние се бориме против еден вирус мислам дека не би требало да пристапуваме со начинот како сме повикани, туку треба да пристапиме позитивно кон поканата и да одговориме и да бидеме членови на комисии, односно работни групи каде што се судруваат или се дискутираат аргументи со цел доаѓање до некое одредено, привремено, можеби и трајно решение, потенцира министерот Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за детски болести, каде успешно е излекувано девојче од акутна леукемија.

Додаде дека Комисијата за заразни болести се состанува секој вторник, затоа што тоа се смета како ден за евалуација на епидемиолошката недела од понеделник до понеделник.