Самитот на ЕУ продолжува попладне

13

Лидерите на Европската унија денеска во 16.00 часот ќе го продолжат самитот во Брисел, откако не успеаја да постигнат компромис за буџетот на Унијата и за Фондот за обнова од коронавирусот. Самитот посветен на планот за економско закрепнување беше суспендиран во текот на изминатата и по извршените консултации ќе продолжи денеска попадне, соопштено е во Брисел. Самитот требаше да трае два дена, а да заврши во сабота. Преговорите за буџетот на ЕУ од 1,85 трилиони евра и за Фонд за опоравување од најтешката криза укажаа на несогласувањата меѓу членките на блокот.

Атмосферата особено се вжешти откако францускиот претседател Емануел Макрон ги критикуваше лидерите на Холандија и на Австрија и се закани дека ќе си оди. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел направи нов обид да ја убеди коалицијата меѓу Холандија, Шведска, Австрија, Данска и Финска која сака да ја намали големината на пакетот и да се постават строги правила за тоа како да се користи.