Самит на НАТО во Лондон

20

Денеска во Лондон почнува самитот на НАТО по повод 70 годишнината од формирањето на овој најголем воен сојуз во светот. НАТО се соочува со низа предизвици, па лидерите на Алијансата, освен церемонијалниот дел на прославата, имаат многу теми за кои ќе разговараат: војната во Сирија и односите меѓу двете земји членки на НАТО, САД и Турција, руските воени закани, тероризмот и сајбер нападите. Земјите-членки на НАТО, според очекувањата, ќе ја потврдат гаранцијата за колективна одбрана на Унијата. На самитот на НАТО во Лондон македонската делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав ќе бидат и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров. Во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.