Само во Пехчево и Валандово нема активни случаи со ковид-19, во земјава ги има вкупно 3.557

37

Во моментов во Македонија има 3.557 активни случаи, заболени од коронавирусот. По градови, во Скопје има најмногу – 1.303 активни случаи, а следуваат Штип – 443 , Гостивар – 288, Куманово – 262, Тетово – 212, Струга – 187, Свети Николе – 134 и Кичево каде има 109 заболени. Расте процентот на новозаболени кај лица од 30 до 39 години – 19,4% од 912 заболени. Најголем број на заболени се над 60 години – 22,9 отсто.

По општини во Скопје најмногу активни случаи се забележани во Чаир 168, Аеродром – 147, Бутел – 84, Гази Баба – 133, Центар – 106, Карпош – 113, Сарај – 60, Кисела Вода – 141, Ѓорче Петров – 92, Студеничани – 45, Шуто Оризари – 108, Арачиново – 24, Илинден – 24, Петровец – 17, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 20, Зелениково – 7 и петмина странци.

Активни случаи нема само во два града – Валандово и Пехчево.Во моментов хоспитализирани се вкупно 383 лица. Во Инфективната клиника има 88 пациенти од кои 51 се на кислородна поддршка, а еден е приклучен на респиратор, во болницата во Козле има 11 возрасни пациенти, пет деца како и двајца пацинети кои се суспектни на вирусот. Во градската болница „8 Септември“ хоспитализирани се 79 пациенти од кои четворица се приклучени на респираторна машина.

Според Институтот за јавно здравје продолжува трендот на намалување на бројките на новозаболени и на починати, а зголемување на бројката на оздравени пациенти како во домашни така и во болнички услови. Во периодот од 27 јули до 2 август регистрирани се 912 заболени што е за 4,6 отсто помалку од периодот од 20 до 26 јули. Направени се 9.709 тестирања, а просекот на позитивни тестови е 9,4 отсто за разлика од 10-те отсто неделата претходно. Во периодот од 7 јули до 2 август 1.032 пациенти го добиле и вториот негативен тест што е за речиси 40 лица повеќе од неделата претходно, а битката со вирусот ја загубиле 29 пациенти.

Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11.289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7.221 лица, а починаа 511. Вкупно се направени 10.8384 тестирања за ковид -19.

Според проценките врз основа на податоците од изминатите две недели, во светот на секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот. Тоа е еднакво на 247 луѓе кои починуваат секој час. Речиси 5.900 луѓе во просек умираат од ковид-19 на секои 24 часа, а најмногу жртви има во САД, Бразил, Индија и Мексико.