Само една земја на светот нема кучиња скитници: Еве како го решиле проблемот

13

Кучињата некогаш биле статусен симбол во Холандија. Богатите луѓе чувале кучиња како домашни миленичиња, или ги користеле во спортски цели.

Ширум светот постојат околу 200 милиони кучиња скитници, проценува Светската здравствена организација. Меѓутоа, Холандија не придонесува за оваа статистика, бидејќи стана првата земја на светот без ниедно куче скитник.

Холанѓаните ги сакаат своите домашни миленичиња. Кучињата се присутни во секојдневниот живот на луѓето, шетаат по градот во корпи за велосипеди, повеќето кафулиња и ресторани се адаптирани за кучиња, малите домашни миленици можат да се возат во јавниот превоз по пониска цена, а има и такви кучиња кои уживаат во различни оброци и вкусови секоја вечер. Звучи нереално, но така е.

Кучињата некогаш биле статусен симбол во Холандија. Богатите луѓе чувале кучиња како домашни миленичиња, или ги користеле во спортски цели.

Со оглед на поврзаноста со социјалниот статус, во Холандија во текот на 19 век постоела масовна популација на кучиња. Меѓутоа, епидемијата на беснило резултирала со страв, што довело до тоа многу сопственици да ги напуштат своите домашни миленичиња. Ова создало придвижување во погледот на општеството на односот човек и куче, каде здравјето на кучето се сметало за одраз на одговорното однесување на сопственикот.

Во текот на тоа време, холандската влада исто така вовела данок на кучиња во обид да го регулира бројот на кучиња скитници во Холандија, но тоа имало спротивен ефект. Произвело повеќе кучиња скитници бидејќи луѓето не можеле да си дозволат да чуваат кучиња.

Во 1864-та година била основана првата агенција за заштита на животни во Хаг. Еден век подоцна, на сила стапил закон за заштита на животните. Сега му е забрането на сопственикот да злоставува или вознемирува било какво животно. Во спротивно казната затвор е до три години, а паричната до 16,750 евра.

Во Холандија речиси да нема кучиња скитници, а Холандија овој проблем го решила со стерилизација финансирана од државата. Светската агенција за заштита на животни верува дека ова е најефикасен начин во борбата против популацијата на кучиња скитници.

Многу општини ги зголемуваат даноците за купување кучиња, што ги поттикнало луѓето да посвојуваат кучиња од прифатилиштата.

Формирани се и животински полициски сили кои би ги надгледувале злосторствата над животните и би спасувале животни во неволја.

Од партијата за животни сметаат дека постои поврзаност меѓу тоа како општеството ги третира своите животни и начинот на кој постапува со своите граѓани. Веруваат дека постои директна врска меѓу насилството над животни и насилството над луѓе.