САМО 4 ЖЕНИ МЕЃУ МИНИСТРИТЕ: Прва фотографија на новата Влада

1

Од 21 член на новата влада на димитар ковачевски само 4 се жени. Славица Грковска е вицепремиерка за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Бисера Костадинова-Стојчевска е новата министерка за култура, Јована Тернчевска, министерка за труд и социјална политика и Славјанка Петровска е новата министерка за одбрана.

Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП.

Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива.

Ковачевски денеска ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Зоран Заев. За денеска е најавено приемопредавање на функцијата.