Санкционирани 504 граѓани за неносење маска

9

Во изминатите 24 часа на територијата на државава полицијата затекнала и санкционирана 504 несовесни граѓани кои не ја почитувале заштитната мерка за носење маска.

Министерството за внатрешни работи информира дека вкупно 504 лица биле затекнати без заштитна маска на места каде што носењето е задолжително.

Маската заштитува од ширење на коронавирусот COVID-19 и токму затоа МВР продолжува со активностите против несовесните граѓани.