Сарабија од ПСЖ во Вулверхемптон

4

 

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Пабло Сарабија (30) ги напушти редовите на францускиот првак ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Вулверхемптон, соопшти англискиот прволигаш.

Шпанскиот играч за врска потпиша со Вулверхемптон договор на две и пол години, а во новиот клуб повторно ќе соработува со Јулен Лопетеги, кој му беше тренер во Севиља и во репрезентацијата до 19 години.

Сарабија дојде во ПСЖ од Севиља во 2019 година и за францускиот клуб одигра 98 натпревари на кои постигна 22 голови.

Минатата сезона Сарабија настапуваше како позајмен фудбалер во Спортинг од Лисабон.