Сари: Мечот против Лион нема да ми биде последен на клупата на Јувентус!

20

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари верува дека неговата иднина во клубот е безбедна, без оглед на тоа дали ќе се пласира во четвртфинале на Лигата на шампиони.

„Старата дама“ вечерва од 21 часот го пречекува Лион во реваншот од осминафиналето воелитното натпреварување.

„Не мислам дека тоа ќе ми биде последен меч. и не мислам дека нашите директори се аматери. Тие ќе дадат оцена на основа на цела сезона, а не само на овој резултат“, кажа Сари.

Во вториот меч вечерва играат Манчестер сити и Реал Мадрид, а премиерлигашот има водство од 2-1.