Саудиска Арабија осуди 5 лица на смрт за убиството на новинарот Кашоги

8

Судот во Саудиска Арабија осуди пет лица на смрт за убиството на новинарот Џамал Кашоги минатата година, соопшти јавниот обвинител.

Кашоги, истакнат критичар на саудиската влада, беше убиен во конзулатот на кралството во турскиот град Истанбул од тим саудиски агенти.

Саудискиот јавен обвинител соопшти дека тоа е резултат на „неодобрена операција“ и покрена судење на 11 неименувани лица.

Еден експерт на ООН заклучи дека станува збор за „неодобрено погубување“.

Специјалниот известувач Агнес Каламард повика саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман да биде истражен за убиството.

Престолонаследникот негираше каква било вмешаност, но во октомври рече како саудиски лидер презема целосна одговорност.