Саша Ковачевиќ приведен на аеродромот во Њујорк

10

Ковачевиќ бил вознемирен и нервозен, бидејќи поради грешката на полицијата доцнел на снимањето.

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ заедно со брат му Раде и неговата екипа тргнале кон Доминиканска Република, каде што пејачот требало да сними спот.

Српските медиуми пишуваат дека познатиот пејач бил уапсен на аеродромот во Њујорк.

„На аеродромот во Њујорк Саша го приведе полиција. Дошло до некаква забуна, па го отстранија од редовниот лет и го однесоа во посебна просторија каде што го задржаа неколку часа, точно толку за да му пропадне летот“, рекол извор за српските медиуми.

„Воопшто не му беше сеедно. Ги праша зошто го држат и го проверуваат, а одговорот беше дека тоа е рутински дел од контролата и дека се заострени безбедносните мерки. По извесно време полицијата му ги врати документите и му дозволи да го продолжи патувањето – додал изворот.

Ковачевиќ бил вознемирен и нервозен, бидејќи поради грешката на полицијата доцнел на снимањето.