СВЕДОШТВО НА КОМАНДИРОТ НА ПОЖАРНА: Додека се гасеше пожарот, се вадеа и жртви (ВИДЕО)

103

Заменик-командирот на противпожарната бригада во изјава за телевизија Алсат потврди дека има жртви во пожарот, но не се знае точната бројка. Пожарот е гасен со 7 возила и над 30 пожарникари.

„Во 21 и 2 минути е пријавено дека гори модуларната болница во Тетово. Екипите за 3-4 минути пристигнаа со 7 возила и над 30 пожарникари. Кога пристигнаа екипите целата болница беше во пламен. Додека се гасеше пожарот, се вадеа и жртви. Не знаеме колку точно жртви имаше. Не можеме да кажеме од што настанал пожарот“, вели заменик-командирот на противпожарната бригада.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.