Светот презема мерки против новиот вид на коронавирус

30

Откривањето на новиот вид на коронавирус во Велика Британија и неговото брзо ширење, исплаши многу земји во Европа и светот.

Многу земји веќе донесоа одлуки за привремена суспензијата на авиосообраќајот со Британија.

Посебна загриженост предизвика предупредувањето на британскиот министер за здравство Мет Хенкок дека „новиот сој на вирусот е надвор од контрола“.

И во Германија се воведуваат нови мерки за патниви од Велика Британија. На патниците кои до стапување на сила на забратана за слетување на авиони од Велика Британија допатувале во Германија ќе им биде понуден котона тест, кој е задолжителен за странски државјани, и ќе им бидат соопштени постоечките правила за карантин во покраините.

Новата мерка предизвика хаос на германските аеродроми, затоа што патниците не можат да го напушатат аеродромот додека не добиат резултати од тестот.

На некои аеродроми, според пишувањето на медиумите, се поставени и кревети.

На листата на земји кои вовеле забрана за летови од Велика Британија поради појавата на новиот сој накоронавирусо во недела и се приклучија и Турција и Швајцарија, пренесе „Би-Би-Си“.

Само неколку часа откако брианскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека мора да со одложат божиќните пазарења и собири на југот од Англија поради појава на „нов сој на коронавирус кој многу брзо се шири“, забрана воведоа Франција, Германија, Италија, Холандија, Белгија, Австрија, Ирска и Бугарија, а Хрватска прогласи 48 часовна суспензија, пренесе „АП“.

Чешка воведе стриктна мерка за карантин за сите патници кои доаѓаат од Велика Британија и, како и Романија, најави дека наскоро ќе се забранат сите летови од „островот“, додека владата на Шведска соопшти дека ќе воведе патни рестрикции кон Велика Британија, пренесе лондонски „Гардијан“.

Француската влада соопшти дека се суспендира и патниот транспорт на стока од Велика Британија кон Франција.

Надвор од ЕУ, забрани за летови од Велика Британија вовеле Израел, Иран, и Ел Салвадор, а Мароко најави суспензија на авиосообраќајот

Денес се очекува и нов итен состанок на лидерите земји членки на ЕУ поради Велика Британија, односно поради новиот сој на вирусо кој се појавил на истокот од Англија.

Исто така итен состанок на кризното тело закажал и британскиот премиер Борис Џонсон, на кој ќе се разговара за меѓународниот сообраќај од и кон Велика Британија.

А според најновите информации од утрово и Канада ќе ги запре летовите од Велика Британија. Како и Аргентина и Чиле.

Забраната стапила на сила во 6:00 часот по средноевропско време и ќе трае најмалку 72 часа, пренесе „Си-Ен-Ен“. Канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер ја потври оваа вест, велејќи дека е направено се за саштита на Канаѓаните ширум земјата од новиот сој на вирус кој кружи низ југоисточна Англија и Лондон.

Министеството за внатрешни работи на Аргентина соопшти дека последниот лет пред забраната за летови од Велика Британија е планиран за Буеонос Ајрес утрово по локално време, пренесе „Ројтерс“. Патниците и екипажот од тој лет ќе мораат во седумдневен карантин.

Властите во Чиле најавија дека од вторник на полноќ во наредните 14 дена во таа земја ќе им биде забранет влез на странци без престојувалиште кои во последните 14 дена биле во Велика Британија.