Светската медицинска асоцијација: Медицинскиот персонал треба да добие поефикасна вакцина од онаа на „АстраЗенека”

25

Претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери смета дека медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со вакцината на „АстраЗенека“. За германскиот дневен весник „Рајнише пост”, тој изјави дека вакцината е безбедна, како и другите вакцини, но нејзината помала ефикасност не може да се игнорира.

– Верувам дека луѓето со поголем ризик од инфекција, меѓу кои се медицинските лица и негователи, треба да бидат вакцинирани со поефикасна вакцина, нагласи тој.

Монтгомери рече дека го разбира медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира со „АстраЗенека“ и побара можност за избор со која вакцина сакаат да се вакцинираат луѓето.

– Мора да има избор на вакцина, за да останеме високо подготвени за имунизација, нагласи претседателот на Светската медицинска асоцијација.