Светска банка: Во БиХ поради загадениот воздух годишно умираат по 3.300 луѓе

13

Големото загадување на воздухот во бројни градови во Босна и Херцеговина годишно предизвикува прерана смрт на повеќе од три илјади лица, а државата губи повеќе од милијарда долари, предупреди канцеларијата на Светската банка во Сараево.

Жителите на бројни градови во БиХ со недели се гушат во загаден воздух кој содржи големи количества честички прашина и отровни гасови и од Светската банка во посебен извештај предупредија дека ваквата состојба станала неиздржлива и побараа итно преземање мерки за решавање на проблемот.

Покрај големиот број термоцентрали на јаглен и лошиот животен стандард кој населението го тера во зимските месеци да се грее користејќи цврсти горива, причина за лошиот квалитет на воздушхот со смртоносни последици е и немањето на каква било политика за намалување на загаденоста на воздухот, предупреди Светската банка.

Особено се истакнува проблемот со загадувањето на воздухот со ситни честички ПМ 2,5 кои навлегуваат длабоко во дишниот систем на луѓето предизвикувајќи инфекции и болести на срцето и белите дробови, како и мозочни удари и тумори.

Само во Сараево институциите задолжени за мерење на квалитетот на воздухот во јануари забележале концентрација и до 500 микрограма честички ПМ 2,5 на кубен метар, додека концентрацијата не би смеела да биде поголема од 10 микрограма на кубен метар.

„Од последиците на загадувањето на воздухот со честички ПМ 2,5 секоја година во БиХ прерани умираат 3.300 луѓе“, се вели во документот на Севтската банка.

Од таа бројка околу 16 отсто од смртните случаи се однесуваат на лицата кои живеат во областите на Сараево и Бања Лука.

Бројот на оние во БиХ кои умираат од последици на загадениот воздух е девет отсто од вкупниот број смртни случаи на годишно ниво