Светска банка: Растот годинава 4,6 проценти, инфлацијата 2,4 отсто

20

Земјите од Западен Балкан закрепнуваат од рецесијата предизвикана од КОВИД-19 при што се предвидувањата дека растот на БДП во 2021 година во регионот ќе достигне 5,9 проценти, по падот од 3,1 проценти во 2020 година.

Според новиот економски извештај на Светска банка за регионот за Македонија се наведува дека растот на БДП во регионот се пресликува и во проекциите за Македонија со раст од 4,6 проценти во 2021 година, што е многу повисока од пролетните проекции. Сепак, според извештајот на Светска банка позитивните изгледи за земјава и понатаму се опкружени со надолни ризици како резултат на бавното темпо на имунизација и сè уште нарушените синџири на снабдување, како и со тоа што условите за финансирање почнуваат да се затегнуваат.

Македонија во 2020 година поради кризата предизвикана од Ковид -19 имаше забележи БДП од минус 4,5 проценти, откако во 2019 година забелеши позитивен раст на БДП од 3,2 проценти.