Светска банка ја намали проекцијата за раст на македонскот БДП

3

Светска банка повторно ја намали прогнозата за раст на македонската економија за 2023 година. Од првичните 3,1 проценти раст прогниозрани во јуни минатата година, кои паднаа на 2,7 проценти во октомври за сега последната прогноза на Светска банка е дека 2023 година државата ќе ја заврши со пораст од 2,2,4 пронети на македонскката економија односно БДП.

За домашните експерти ваквото ревидирање на стапката од страна на банката е очекувано. Економиите на европските партнери на земјава слабеат, домашните фирми се воздржуваат од инвестиции, а се уште е голема и неизвесноста за тоа што ќе се случува со руско-украинскиот конфликт. Сепак, според експертите Владата се помалку ќе може да интервенира со средства од буџетото, затоа што државната каса е истрошена.

Според извештајот на Светска банка во регионот Западен Балкан прогнозата е раст од 2,5 проценти.

„За Западен Балкан се предвидува раст од 2, 5 отсто во 2023 година, наспротив првично проектираниот од 3,1 процент. Реформите за пристапувањето во ЕУ и инвестициите ги ублажуваат негативните ефекти од високите цени на енергијата и храната, како и нарушувањата на трговските и инвестициските текови и прелевањата од забавувањето во еврозоната. Сепак постои значителна политичка несигурност од парламентарни стопирања што би овозможиле доцнење на реформите и со тоа спречување на ефикасна апсорпција на поврзаните средства за Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија“, стои во извештајот на Светска Банка.

Поединечно за државите од регионот Светска банка проектира раст од 2,2 проценти во Албанија, од 2,3 проценти во Србија, во Босна и Херцеговина од 2,5, во Црна Гора од 3,4 проценти и во Косово од 3,7 проценти. Од земјите од регионот кои се дел од ЕУ, пак, во Хрватска се проектира раст од 0,8, а во Бугарија од 1,7 процентни поени.

Во послендиот извештај се посочува дека развиените економии и натаму ќе бидат на силен удар, кој пак ќе го почуствуваат и државите во развој. Главната причиина за тоа е продолжувањето на војната во Украина. Минатата година пак земјава ја заврши со најмал раст во регионот од скромни 2, 1 процент.