Свеченото доделување на Оскарите ќе се емитува во живо од повеќе локации

24

Свечената додела на Оскарите е предвидено да се случи на 25 април годинава и ќе се емитува во живо од повеќе локации, вклучително и од Холивуд, објави Академијата за филмска уметност и наука.

Од Академијата велат дека сакаат да претстават невидена церемонија на Оскарите, истовремено грижејќи се за здравјето и безбедноста на сите учесници.

„За да создадеме спектакл во живо што нашата публика сака да го види во време кога треба да се прилагодиме на ограничувањата предизвикани од пандемијата, церемонијата ќе се емитува во живо од неколку локации, вклучително и од култниот театар „Долби“ кој традиционално е домаќин на Оскарите во Холивуд“, изјави портпаролката на Академијата.

Сè уште не се познати сите локации од кои ќе се емитува 93-тото издание на Оскарите. Оваа година, и организаторите на „Златен глобус“ мораа да смислат нов начин за доделувањето на наградите на 28 февруари.

Иако гледаноста се намалува секоја година, со најмали историски 23,6 милиони гледачи минатата година во САД, церемонијата на доделата на Оскарите традиционално останува еден од најгледаните настани во земјата. Оваа година, домаќин на настанот ќе биде Стивен Содерберг.