Свештеникот Стојчев: Правдата задоволена, ќе живееме мирно по сите закани

13

Свештеникот Виктор Стојчев кој беше истепан од таткото на Бојан Јовановски, денеска пред судот порача дека е задоволен од шестмесечната затворска казна изречена за сторителот на делото.

„Правдата е задоволена. Сторителот ќе биде соодветно казнет. Мило ми е што заедно со моите најблиски ќе продолжиме со нормален живот, после сите стресови и закани“, истакна Стојчев.