СДК: Мајка со три деца позитивни на Ковид 19 вратени од скопскиот аеродром од летот за Норвешка

153

Аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле четиричлено семејство да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази останатите патници, објави порталот Сакам да кажам.

Мајка со три деца, тестирани во приватна клиника, сите четворица позитивни на корона вирус, не ги послушале епидемиолозите да се самоизолираат и заминале на аеродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти и семејството било вратено пред да се качи во авион.