СДК: Штипјанка починала од коронавирус, а имала пет негативни теста

8

Педесет и петгодишната штипјанка Ругмин Хусеинова починала на Инфективното одделение во болницата во Штип и, иако имала пет негативни теста, третирана е како ковид-позитивна, објави СДК.

Нејзиното семејство тврди дека ја погребале како почината од ковид и дека во болницата ја третирале така, а сите пет теста што ѝ биле направени биле негативни.

За еден ден се хоспитализирани нови 41 пациент во скопските ковид-центри

Според нивното сведочење, таа имала малаксаност и била поспана. Откако матичниот лекар им дал упат за на Инфективно, таму ѝ била измерена телесна температура од 36,1, но сепак била третирана како пациент со ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје велат дека белодробната пневмонија се третира како коронавирус и причината за смртта се смета како да е од ковид-19, а од Клиничката болница велат дека пациентката била во сериозна состојба, каква што ја имаат болните од коронавирус.