СДСМ: Владата го реши проблемот со парното во Скопје, а не градоначалничката Арсовска

4

Додека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска ги игнорираше барањата на скопјани да се реши проблемот со парното, Владата предводена од СДСМ презеде низа одговорни чекори за надминување на кризата со топлинската енергија, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Со прогласувањето на кризната состојба се преземаа мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на економскиот стандард на граѓаните.
Согласно владината одлука, АД ЕСМ од 21 јануари да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север се до крајот на грејната сезона, со што се решава проблемот со парното затоплување во Скопје, а скопјани добиваат дополнителни три часа греење до еден часот по полноќ.

Владата преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не партиципираа Град Скопје и општините.
АД ЕСМ во моментот ги покрива 100 % од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.

Владата, институциите предводени од СДСМ се целосно посветени на справувањето со енергетската криза. Буџетот за 2022 предвидува ставки за да се излезе во пресрет и во случај ако има дополнителна здравствена и економска енергетска криза.
Очигледна е разликата меѓу одговорното управување со институциите од страна на СДСМ и неработењето на Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.