СДСМ ги повика пратениците да гласаат за буџетот

13

Не е време за теснопартиско однесување, сега е време да им помогнеме на нашите сограѓани, да и помогнеме на нашата, македонска економија и да го излгасаме Буџетот за 2020 година, повика од прес-конференција пратеникот Костадинов.

„Со измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година се озбезбедуваат 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет мерки за справување со економските последици од коронакризата. Со овој пакет мерки, 70 милиони евра ќе се искористат за спас на 83.000 работни места, односно ќе се субвенционираат вкупно 250 илјади плати за месеците октомври, ноември и декември, а поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста, ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно”, рече пратениикот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој додаде дека со 27,6 милиони евра ќе се помогнат 283 илјади граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари и дека на тој начин близу 100 милиони евра ќе завршат кај над 360 илјади граѓани.

Костадинов оцени дека во четвртиот пакет се соджани уште дваесеттина мерки за поддршка на компаниите, преку поволни кредити, грантови и даночни олеснувања. Портпаролот нагласи дека грижата што Владата ја покажува во време на здравствена криза продолжива и со четвртиот пакет на мерки.

„Затоа, ги повикувам сите пратеници, низ конструктивна и отворена дебата, да ги поддржиме овие измени и дополнувања на Буџетот за 2020. Сега не е време за теснопартиско однесување, сега е време да им помогнеме на нашите сограѓани, да и помогнеме на нашата, македонска економија”, рече Костадинов.