СДСМ: За три години ги зголемивме пензиите за над 1.800 денари

14

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, па така и сега кога над 320.000 пензионери добиваат повисоки пензии преку законското усогласување на пензиите, потенцираат од СДСМ.

– Безидејната ВМРО-ДПМНЕ лаже дека пензиите се намалувале. Напротив, за само три години додека СДСМ ја предводи Владата, пензиите во просек се зголемени за над 1.800 денари. Лицемерната загриженост не е ништо ново за оваа партија која додека беше на власт ги усогласуваше пензиите надвор од законот и пред избори, а како опозиција со сите сили се противеше на покачувањето од 722 денари месечно на пензиите во 2020 година, истакнуваат преку соопштение од владеачката партија.