СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за штрајкот во образованието

0

Партијата на власта СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за штрајкот на наставниците и воспитувачите.Од СДСМ велат дека владата покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во општеството и понуди зголемување на платите на наставниците од 10 отсто, односно раст за 2.500 денари во просек, како и методологија со која се обезбедува континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на наставниот кадар. Од ВМРО-ДПМНЕ пак реагираат дека кога трошоците за живот се екстремно покачени, владата ги понижува наставниците со 10% предлог за покачување. Повикуваат наместо со половични решенија да ги исполни барањата на СОНК, неопходни за обезбедување нормален стандард на наставниот кадар.